Хамилтон: Времето ќе покаже дали постапивме правилно во Сочи

од Vlatko K
118 прегледи

Луис Хамилтон изјави дека единствено кога првенството ќе заврши, ќе може да се каже дали одлуката донесена од Мерцедес во Гран при на Русија е правилна. За време на трката, Хамилтон се движеше втор зад својот тимски колега Валтери Ботас, но на третата позиција беше Себастијан Фетел – директниот конкурент на Британецот за титулата.

Од Мерцедес решија да не ризикуваат и му наредија на Ботас да го пропушти Хамилтон пред себе, што предизвика лути реакции од фановите на Формула 1.

„Мислам дека само времето ќе покаже дали сме постапиле правилно. Замислете на пример, да го загубиме шампионатот за еден бод. Тогаш ќе се навратиме на оваа трка и ќе си кажеме дека требаше да одиграме како тим“, прокоментира Хамилтон.

„Сепак, ние не сакаме да победиме само кај пилотите, туку и кај конструктурите. Затоа се обидуваме да додадеме што повеќе поени од секоја трка. Токму затоа шефовите на Мерцедес ја донесоа оваа одлука“, се бранеше четирикратниот светски шампион.

Слични содржини