Судирот во Куманово не може и не треба да го одвлекува вниманието од многу сериозната внатрешно-политичка ситуација во Македонија, каде ургиравме Владата, но и опозициската партија да почнат да соработуваат и да ја решаваат, истакна еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Тој побара од сите политички субјекти да се вклучат во расветлувањето на тоа што се случи.
– Ова не смее да се земе можност да се одбегне решението на фундаменталниот проблем со кој се соочува земјата. И особено овој настан не смее да се искористи да се креира поголема комплексност и дополнителни меѓуетнички тензии во оваа ситуација. барам од сите одговорни луѓе во земјата, но и во соседството да реагираат со разум, заедништво и на транспарентен начин – изјави Хан.
