Хан: Го видов невозможното во Македонија

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Еврокомесарот Јоханес Хан изјавил денес дека со неодамнешното насилство во македонскиот парламент го видел “невозможното” и додал “очигледно во оваа земја се е можно”.

Хан имаше свое обраќање на состанокот на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ- Македонија свикан на иницијатива на словенечкиот европратеник Алојз Петерле (ЕПП).

“Она што го видовме минатата недела е нешто што јас, искрено, не го очекував. Ова е невозможно, но, очигледно, се може да стане можно. Ова насилство во парламентот е апсолутно неприфатливо “, рече тој.

Комесарот додаде дека очекувал “целосна истрага” на настаните со “правни последици”, напоменувајќи дека институциите за спроведување на законите не ја вршат својата работа подолго време.

Без да ја именува ВМРО-ДПМНЕ, Хан изјави дека сфаќа дека на некои луѓе им е тешко да заминат од власт во опозиција. Тој додаде дека, сепак, промената е суштина на демократијата. Еврокомесарот исто така спомена дека бил свесен за реторика во Македонија дека победникот на изборите треба да биде во Владата, но додаде дека мнозинството врз основа на волјата на луѓето треба да се почитува исто така.

“Секој вид на етничка тензија може да се создаде друга експлозија, не само во земјата туку и во регионот”, рече Хан.

Тој се осврна и на националистичките изјави во последно време во регионот во корист на “Голема ова или ова… ова” (без да ги спомене Голема Албанија или Голема Србија), додавајќи дека сите тие идеи не се можни „бидејќи се преклопуваат во географска смисла “.

Тој ја повтори исто така поддршката за формирањето на новата влада во Македонија, советувајќи да се избегнува непотребна поларизација. Тој вети наедно ајќи поддршка од страна на ЕУ, ако се надмине состојбата во нашата земја, навестувајќи можност за започнување преговори.

Алојз Петерле, кој претседаваше со состанокот, се пожали дека има “стратешки недостаток на единство” во ЕУ.

“Путин и Ердоган можат да донесат одлука за пет минути, нам во ЕУ ни требаат пет состаноци на Советот“, рече Петерле. /Макфакс