Еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, во интервју за радио Слободна Европа во врска за најавените реформи во правосудството, особено за реизборот на судии, рече дека му верува многу на експертот Рајнахрд Прибе и неговиот тим и очекува да најдат соодветно решение кое ќе одговора на потребите на земјата.
„Тоа што апсолутно е потребно да се врати довербата во независното судство, квалитетот на судството. Јас мислам дека тоа е и целта на луѓето што работат во него, обвинители, судии, државни службеници и мислам дека тоа е исто така нешто што граѓаните на земјата го заслужуваат, да може да се потпрат врз функционално, транспарентно и некорумпирано судство“, вели Хан.
Според универзитетскиот професор Осман Кадриу, поради критичната состојба во правосудствотоработите требало да се одвиваат брзо. Тој смета дека владата преку парламентарното мнозинство треба да оди на разрешување на судии и јавни обвинители врз основа на, како што вели, одговорност, вклучувајќи ги и двата најважни органи – Судскиот совет и Советот на обвинителите.
„Без разрешување конкретни лица кои правеа сериозни проблеми во спроведување на правото и злоупотреба на функциите ние тешко можеме да сметаме дека ќе се реши и политичката криза“, вели Кадриу.
Во однос на тоа колку е важно за борбата против криминалот и корупцијата случаите наСпецијалното јалвно обвинителство да добијат разврска Хан вели дека има закон и дека институциите треба да имаат време кое им е потребно да ги спроведат сите работи.
„Сега на владата е да дискутира како ова може да биде пролонгирано, да биде пренесено или која и да е идната конструкција. Уште еднаш, важно е луѓето да имаат впечаток, ако сакате, да бидат уверени дека сите криминални случаи целосно се истражени и ако има потреба за обвиненија тие да бидат завршени, да бидат заведени и да има судски случаи и ако неопходно е да има казни, пресуди итн. Се работи за целиот судски систем кој треба да функционира“, вели
Акцискиот план на Владата кој според најавите на премиерот Зоран Заев треба да биде готов до први јули, ќе го содржи планот за реформи во клучни области: владеење на правото, професионални државни институции, независни регулаторни тела и слободни медиуми.
Експертот на Европската унија Прибе со својот тим, работата ја почна со состанок со министерот за надворешни работи, Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.