Фабриката во Берн, Швајцарија, која го произведува познатото чоколадо „Тоблероне“, оваа година доби халал сертификат.

Халал значи дека храната, производот и целиот производен процес е во согласност со исламските правила, а тоа подразбира производот да не содржи свинско, свинска маст или алкохол. Изгледа 110 години стариот рецепт за „Тоблероне“ ги исполни сите барања. Но, некои се исплашија да не популарните триаголници го смениле рецептот.
Имено, десничарите изразија бес кога дознаа дека „несвесно со години јаделе чоколадо за кое не е тоа што мислеле“.
Јорг Мутен портпарол на германската националистичка АфД партија предупреди дека чоколадото сега е халал, со саркастични коментари дека фабриката покажала на дело „исламизација“ на Европа.
Набрзо се појави хаштаг #BoycottToblerone и на социјалните мрежи брзо се прошири „ужас“ и „бес“ поради овој потег на компанијата.
„Халал е ознака која ги информира луѓето кои поради диета, религиозни или други причини сакаат да знаат дали може да конзумираат некој одреден производ. Тоа не значи дека производот или неговиот произведувач подразбира одредено верско определување. Ништо во рецептот или производниот процес во чоколадото не се промени“, соопшти компанијата.
Интернетот е препол прашања дали производите од Нутела или Кока-Кола се халал или не, а за Тоблероне тоа прашање се поставуваше со години. Со оглед на тоа дека на планетата има повеќе од две милијарди муслимани , се чини дека ова беше добра одлука на компанијата.