Илјадници патници останаа заглавени на аеродромот Хитроу откако голем број европски земји го прекинаа воздушниот сообраќај со Велика Британија поради појавата на новиот вид на коронавирус во таа земја. Забраната може да ја воведе целата Европска унија, а во тек се консултации за заеднички одговор на поморските, железничките и патните врски со Велика Британија.
Франција ги прекина сите патувања од Велика Британија од полноќ, вклучително и транспорт на стока по пат, авион, море или железница.
И Ирска ќе ги прекине сите воздушни врски најмалку 48 часа. Поморските врски продолжуваат, а одлуката ќе биде преиспитана во вторник.
Ова го сторија Германија, Австрија, Италија, Холандија, Белгија и Бугарија.
Илјадници луѓе останаат заглавени на лондонскиот аеродром Хитроу, кои не можат да патуваат поради новите суспензии на летање.
Thousands of passengers seem to be stuck at London's Heathrow Airport due to overbooking on most of the flights, after travel suspension declaration of other European countries.
(📹 Emma Majella)pic.twitter.com/qsmiWV2euR
— Coronavirus ☣️ Turkish Agency (@CoronaTurkeyEN) December 20, 2020
Забраната може да ја воведе целата Европска унија, а во тек се консултации за заеднички одговор на поморските, железничките и патните врски со Велика Британија. Претходно денес, на ова прашање разговараа францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Во Велика Британија, од денес се затворени сите продавници кои не продаваат храна и материјали. Исто така е забрането да се патува надвор од тие зони со највисок степен на тревога, било во други делови на Велика Британија или во странство. Баровите, рестораните и музеите во Велика Британија се затворени од средата.
Постојат ограничувања од четврти степен што ќе бидат ревидирани за десет дена.
Ова значи дека граѓаните не смеат да ги напуштаат своите домови, доколку работат од дома. Владата им препорачува на граѓаните да патуваат само доколку е апсолутно потребно, да го намалат движењето на минимум и да одат пеш или со велосипед секогаш кога е можно.