Хаос поради новиот вид на коронавирус: Дури 40 земји забранија летови од Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska

Околу 40 земји низ светот, многу од нив од Европската унија, но и Русија, Ирска, Израел, Иран и Салвадор, го запреа воздушниот сообраќај со Велика Британија поради новиот вид на коронавирус, кој е 70 отсто позаразен.

Целата планета е на колена со месеци поради коронавирусот, а дополнителна загриженост преовладуваше минатиот викенд кога Велика Британија призна дека повеќе од половина од сите нови случаи на ковид 19 биле предизвикани од мутиран вирус на корона, кој се пренесува до 70 проценти побрзо.

Страв предизвика и предупредувањето на британскиот министер за здравство Мет Хенкок дека „новиот вид на вирус е надвор од контрола“.

Сето ова доведе до реакција на голем број земји. Холандија прва ги забрани летовите од Велика Британија во неделата наутро, до први јануари, а потоа го сторија тоа, но на 48 часа, С. Македонија, Германија, Канада, Полска, Бугарија, Чешка, Италија, Франција, Австрија, Белгија, Ирска, Турција, Данска.

Германија, во меѓувреме, според странските медиуми, ја продолжила забраната до 6 јануари, како и Италија, и Ирска и Австрија до 31 декември.

Слични содржини