Хаос во Франција заради коронавирусот: Тепачка пред продавница! (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
205 прегледи

Во сите земји во кои е регистриран коронавирусот, граѓаните масовно одат во продавници за да купат храна и други намирници.

На социјалните мрежи дури и може да се најдат снимки на кои се гледаат празни рафтови во продавниците, купувачите чекаат во долги редови, а често се случуваат и тепачки поради храна.

Така е во Франција, каде ситуацијата поради пандемијата е се потешка. Улиците се речиси празни, а посебно голема тензија владее пред продавниците.

На едно видео е прикажано како група луѓе масовно се тепа пред една продавница во Париз. Тепачката избила поради намирници, бидејќи повеќето рафтови биле празни.