Хаос во Гватемала: Полицијата со палки и солзавец кон мигрантите кои се упатуваат кон САД

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Мигрантскиот караван од неколку илјади Хондурашани на пат кон САД бил нападнат со солзавец и избувнале насилни судири со властите во Гватемала, според владини извори.

Од петокот вечерта, неколку групи од илјада мигранти од Хондурас, ја преминаа границата и влегоа во Гватемала. .

Неколку лица беа повредени, рече во неделното соопштение правобранителот за човекови права во таа централноамериканска држава, Џордан Родас Андраде.

Телевизиските и видеата на социјалните мрежи покажуваат дека илјадници мигранти во групи во гватемалскиот град Ваду Хонг се обидуваат да го пробијат кордонот на безбедносните сили, кои користеле палки против мигрантите.

Единаесет мигранти и двајца војници се повредени, објави агенцијата за бегалци на ОН УНЦХР.

Гватемалските власти за миграција соопштија дека повеќе од 1.300 мигранти биле вратени или предадени на властите.

Мексиканската телевизиска мрежа ТВ Астека објави дека повеќе од 9.000 мигранти влегле во Гватемала преку граничниот премин Ел Флоридо.

Слични содржини