На улиците на Париз во моментов владее хаос, по судирот меѓу полицијата и припадниците на курдската заедница, чии сонародници беа убиени во напад денеска.
Недолго по пукањето во кое беа убиени тројца Курди, на местото на злосторството почнаа да се собираат членови на курдската заедница, повикувајќи ги своите сонародници да излезат на улица и да протестираат. Потоа дошло до конфликт со полицијата.
Да потсетиме, Вилијам М. (69) од се уште непознати причини испукал најмалку осум куршуми во близина на Курдскиот културен центар, при што убил тројца членови на таа заедница, а ранил четворица други.
"Emotions have turned into anger" near Kurdish centre after deadly attack in Paris#News #USA #EU 🇪🇺 #France 🇫🇷 #Germany 🇩🇪 #Sweden 🇸🇪 #England 🏴#Italy 🇮🇹 #Canada 🇨🇦 #Australia #Newziland 🇳🇿 #Israel 🇮🇱 #Ukraine 🇺🇦 #Russia #Turkey🇹🇷 #Iran #IranRevoIution2022 #Women_Life_Freedom pic.twitter.com/uwvbGkAde0
— Bahram Ansari (@BahramAnsari7) December 23, 2022
Набрзо на местото пристигнала и полицијата која го привела.
Недолго потоа на местото почнале да се собираат припадници на курдската заедница, кои ги повикаа своите сонародници да излезат на улица и да протестираат.
Потоа дошло до конфликт со полицијата.
ALERTE – Très violents affrontements à #Paris10 après le départ de @GDarmanin qui s’exprimait après la fusillade du centre kurde.
Policier blessé, gaz lacrymogène et projectiles. pic.twitter.com/vsMPSx2ad3
— Clément Lanot (@ClementLanot) December 23, 2022
Според француските медиуми, биле фрлани камења, солзавец, а демонстрантите ја запалиле оградата што полицијата ја поставила за да ги спречи луѓето да се приближат до местото на злосторството.