Хаос во САД: Од заседа застрелан полицаец, а двајца повредени (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
191 прегледи

Заменик шерифот е застрелан, а двајца полицајци се повредени, во заседа за време на потрагата по осомничениот во Бен Ломонд во областа Санта Круз во Калифорнија, соопштија официјалните лица.

Во заседата во која се користеле огнено оружје и експлозив, загинал заменик шерифот Дејмон Гуцвилер, еден полицаец е ранет, а друг бил застрелан во рака, потврди шерифот Џим Харт.

За време на апсењето е застрелан и осомничениот Стивен Кариљо (38), кој бил сместен во болницата. Повредите што ги претрпе Керило не се сериозни и неговата состојба е стабилна.

Заменик-шерифот и полицијата одговориле на повикот за сомнителното комбе. Лицето кое се јавило во полицијата тврдело дека во комбето имало оружје и експлозив.
Кога надлежните пристигнале на местото на настанот, комбето почнало да заминува, а полицијата го следела.

Комбето стигнало до куќата на Кариљо, каде ги чекала заседа откако излегле од возилото, кога бил застрелан заменик шерифот, а двајца други полицајци повредени.

Гуцвилер бил оженет со дете. Тој и неговата сопруга го очекувале и нивното второ дете.

Истрагата во моментов е во тек, а покрај локалната полиција, ФБИ, исто така, учествува во неа. На Кариљо, ќе му се суди за убиство од прв степен.