Пратеник од турската опозиција денеска итно бил префрлен во болница и сместен на интензивна нега во Анкара, откако бил удрен во главата за време на тепачка во Парламентот.
Тепачката изби на расправата за државниот буџет за 2023 година.
– Состојбата му се влоши поради удар во главата. Тој беше на реанимација во болницата, а состојбата на 58-годишниот Хусеин Орса од националистичката партија „Добра“ е критична“, изјави за новинарите неговата сопартијка Ајлин Цесур.
На видеата во турските медиуми се гледа како Орса, пратеник од Трабзон, е удрен од член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, која досега не ја коментираше ситуацијата.
Расправиите и размената на удари се честа појава за време на тензичните дебати во турскиот парламент.
🇹🇷 Pancadaria entre deputados no parlamento turco, ao menos um deputado ficou ferido na cabeça.#Turkey #Parlament #Turquie #Turkiye pic.twitter.com/KHKbFUMGrW
— MMC – Movimento Mundo Conservador. (@ingles_bulldog) December 6, 2022