Хаос во Вашингтон: Трамп се извинувал поради откажувањето оружје за Украина потпишано од секретарот за одбрана

од desk2
32 прегледи

Пит Хегсет, секретарот за одбрана на САД, не ја известил Белата Куќа пред минатата седмица да ја одобри паузата во испораките на оружје за Украина, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на свои пет доброинформирани извори.

Тоа предизвикало вистински хаос во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која требало првин да разбере зошто дошло до ваквата промена, а потоа тоа да го објасни на Конгресот и на украинската власт.

Трамп вчера потскажа дека тој не бил одговорен за паузата. Прашан во текот на состанокот на Кабинетот дали ја одобрил паузата на испораките, Трамп избегнал директно да одговори, па кажал само дека САД ќе продолжи да испраќа одбранбени оружја во Украина. Притиснат со прашање кој ја одобрил паузата, Трамп рекол „Не знам, зошто ти не ми кажеш?“.

Оваа епизода ја отсликува честопати хаотичниот процес на донесување одлуки од администрацијата на Трамп, посебно со Хегсет во Секретаријатот за одбрана. Оваа пауза беше вториот случај годинава Хегсет да реши да ги сопре испораките на американско оружје за Украина, изненадувајќи ги високите фигури на националната одбрана на САД.

Кратко откако дознал за паузата, Трамп му рекол на Хегсет да обнови испорака барем на некои видови муниција – како пресретнувачки ракети за системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ – коишто во Украина се клучни за заштита на населението од големите руски напади со дронови и ракети. Голем дел од муницијата што е најново испратена за Украина, сега е во Полска и наскоро би требало да дојде до своите крајни дестинации.

Слични содржини