Хаосот продолжува, поништена постапка за изработка на идеен план за катна гаража кај Клинички

од desk2
93 прегледи

Министерството за здравство ја поништи постапката за изработка на идеен, и сообраќаен проект за изградба на катната гаража во Клиничкиот центар, пренесува Телма.

Во објаснувањето на Електронскиот систем за јавни набавки е дека „Поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган“.

Тендерската постапка се распиша уште во јули оваа година, и очекувањата беа дека до крајот на оваа година ќе се заврши документацијата. Но, со последната одлука, целата постапка ќе треба да се повторува./Telma