Според едни, хаосот е последица на неуредност, а според други, на изразена креативност. Но, како и да се чувствувате вие, преземете чекор за да го средите вашиот дом.
Ако припаѓате на еден од следниве пет хороскопски знаци, многу е веројатно дека живеете во хаос, иако не ви се чини така.
Лав
Тие во принцип не се неуредни, но секогаш имаат нешто попаметно и поинтересно за правење отколку да чистат. Иако не им е тешко да си го средат домот, поубаво им е ако некој друг го направи тоа наместо нив.
Бик
Биковите навистина сакаат дома да им биде средено, но ако мора да изберат меѓу домашни обврски и грижа за себе, тогаш ќе се решат на второто. Тие попрво би легнале во кревет и би гледале добра серија, а чистењето на домот би го одложиле колку што може повеќе.
Стрелец
За себе, Стрелците би рекле дека не се неуредни, туку дека имаат способност за брзо време да растурат се околу себе. Секако, никогаш нема да признаат дека тоа е дефиниција за хаос и неуредност.
Водолија
Ретко, многу ретко, Водолијата добива напади на паника и во тие моменти го чисти секое ќоше од својот дом. Проблемот е само додека да дојде до тој момент кога нередот им доаѓа преку глава.
Риби
Рибите се логични и практични: Зошто да чистат денес, кога тоа можат да го направат за викенд, бидејќи секако ќе направат уште поголем неред. Мора да признаеме, ваквото размислување не е целосно погрешно.