Бившиот командант на УЧК Рамуш Харадинај по ослободувањето од екстрадицискиот притвор од Франција , веднаш му прати порака на српскиот премиер Александар Вучиќ да „не си игра со Албанците“ .

Тој ова го изјавил во интервју по враќањето од Франција, чии власти минатата недела со пресуда одбија да ѝ го екстрадираат на Србија за да го суди за воени злосторства. Белград тука беше поразен на меѓународен план, пренесува косовскиот весник Газета експрес.
Харадинај, веднаш по доаќањето шестоко му возврати на Вучиќ , во телевизиската емисија „ Комитети “ тој кажа дека Вучиќ Албанците ги гледа како „меки непријатели“ и дека направил лош избор кога решил да „влезе во борба со нив“.
„Вучиќ треба да сфати дека јас сум еден од оние што никогаш не се откажуваат од борбата, на ниту еден единствен ден. А мојата порака до Вучиќ и останатите гласи дека треба да престанат да си играат со Албанците“, кажа Харадинај.
Тој тврди дека Вучиќ не е исклучок во однос на другите лидери во регионот на Балканот и дека е „многу слаб политичар, кој не успеа да ја подобри економската ситуација во Србија, додека српската влада зема заеми за да ги исплати пензиите“.
Харадинај кажа и дека „Вучиќ нема храброст да им се спротивстави на Хрватите, кои јасно му дадоа до знаење каде му е местото“.
„Остана без потенцијални непријатели кои би ги нервирал, па се обидува да си игра со Албанците. Избраа да си поигруваат со мене, но направија лош избор“, кажа поранешниот косовски премиер кој сега е лидер на Алијансата за иднина на Косово.