Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, повторно го изрази своето несогласување со начинот на кој приштинската страна пристапи кон обновениот дијалог со Белград, потенцирајќи дека премиерот Авдулах Хоти го приватизира процесот, пренесува РТС.
Во интервју за јавниот сервис, Рамуш Харадинај рече дека „Косово нема луксуз да го замени американскиот дијалог со кревкото раководство на Лајчак и Борел“.
„Ако премиерот работи сам како Демократски сојуз на Косово, тој ја сноси својата одговорност како ДСК, во моментов за се што се случува во дијалогот, премиерот Хоти сам работи, затоа што тој не не одведе на маса кога седеше со Србија. Тој не го зеде лицето што му го дадовме“, рече Харадинај.
Тој објасни дека неговата Алијанса, иако владејачката партија во коалиција со ДСК, нема да ги поддржува разговорите под покровителство на ЕУ доколку не биде дел од разговорите.
„Ние не сме дел од овој дијалог. Не му веруваме на Хоти во дијалогот со Србија. Треба да има широк консензус за овој процес“, додаде Харадинај.