Харадинај: Очекувам Ватикан да го признае Косово

од Vladimir Zorba
329 прегледи

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, рече дека Косово направило голем чекор напред со договорот во Вашингтон.

Тој изрази и надеж дека по меѓусебното признавање со Израел, Ватикан ќе го признае Косово, пренесува КоССев.

Харадинај, исто така, изјави дека очекува Европската унија да ја покаже истата посветеност и сериозност, „со цел да се олесни процесот на признавање на Косово од нејзините држави“.

„Нашите молитви се упатени и до папата Франциск, со надеж дека Светата столица наскоро ќе го признае нашето Косово како независна и суверена држава“, рече Харадинај.

Со договорите потпишани од Белград и Приштина во Белата куќа, двете страни се обврзаа дека, меѓу другото, Косово нема да бара членство во меѓународни организации во рок од една година, додека Србија нема да испраќа барања до држави или меѓународни организации да не го признаваат Косово. како и ќе ја суспендира кампањата за повлекување на признавањето.

Слични содржини