Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги повика САД да се ангажират во дијалогот меѓу Белград и Приштина, што се води под покровителство на ЕУ.
Според Харадинај, вклучувањето на САД во преговарачкиот процес е клучно за остварување напредок во дијалогот.
– Улогата на САД е клучна за мирот. Мислиме дека улогата на САД на преговарачката маса има суштинска важност, додаде Харадинај.
Според него, американското вклучување во процесот и претходно давало резултати и помагало за остварување напредок во преговорите.
– Улогата на САД е многу важна во претстојната фаза. Мирот го носат луѓето, Мирот што нема поддршка од народот тешко може да се одржува, затоа ангажирањето на Американците е неопходно за овој мир, потренцира Харадинај.
Косовскиот премиер смета дека преговорите меѓу Белград и Приштина треба да завршат со „взаемно прифаќање на државноста на Србија и на Косово“./MIA