Харадинај предложи формирање преодна влада со сите партии, но без Курти

од Vladimir Zorba
641 прегледи

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај денеска предложи во Приштина да се формира преодна влада во која ќе бидат вклучени сите партии, вклучително и Самоопределување, но не и претседателот на таа партија и актуелниот премиер, Албин Курти.

„Разговаравме за можноста за формирање влада на национално единство, во која ќе бидат вклучени сите политички партии, вклучително и Самоопределување, без Курти, до следните избори“, изјави Харадинај по лидерската средба на АБК, пренесуваат косовските медиуми.

Тој додаде дека имало сериозна дискусија за ситуацијата на Косово.

Слични содржини