
Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај оцени дека Албин Курти се предал на Србија со одлуката за суспендирање на дел од таксите на производи од БиХ и од централна Србија.
„Вечерва измамникот Албин Курти се предаде на Србија. Ова е почеток на враќањето на Србија и Русија на Косово“, напиша Харадинај, одговарајќи на одлуката на новата косовска влада да ги укине даноците на суровините што доаѓаат од БиХ и од централна Србија од средината на март.
Премиерот на Косово, Албин Курти објави дека даноците на увозот на суровини од Босна и Херцеговина и од централна Србија ќе бидат укинати од 15 март.
„Ако српската страна покаже добра волја, ние ќе ги укинеме сите такси за 90-дневен период од 1 април“, рече Курти.