Хард дискови од 100TB стануваат стандард до 2025 година?

од desk2
88 прегледи

 

Американската компанија Seagate планира да ја искористи топлината за да ја зголеми густината на хард дисковите. Тоа ќе го постигне со технологија наречена HAMR (Heat-assisted Magnetic Recording), која овозможува изработка на дискови со многу поголема густина од традиционалната метода PMR (Perpendicular Magnetic Recording).

Ова ќе ја зголеми вкупната густина и капацитетот за складирање на дисковите. Топлината се користи за креирање главни области на дискот, со подобра рецепција на магнетни ефекти, што исто така овозможува на помали области да добијат запис.

Други производители, како Western Digital, се надеваат дека помало зголемување на густината ќе постигнат со поинаква метода – MAMR (Microwave-assisted Magnetic Recording).

Seagate очекува првите HAMR дискови да ги испорача во 2020 година, а тие ќе имаат капацитет од 20TB. Таа компанија, има планови до 2022 година дисковите со капацитет од 36TB да станат реалност, додека за 2023 и 2024 година планирани се дискови од 48TB кои би биле стандард.

Американската комапнија се надева дека доколку се оди по планот, до 2025 година дискови со капацитет од 100TB ќе станат реалност.