Хари го молел шефот на Дизни да ја вработи Меган (ВИДЕО)

367 прегледи

Откако беше објавено дека војвотката од Сасекс, Меган Маркл, се согласила да го даде гласот за Дизни, а за возврат продукциската куќа ќе ги донира средствата во добротворна установа за заштита на слоновите, британските медиуми „ископаа“ видео снимка на која Хари „договара“ работа за неа со шефот на Дизни, Боб Игера.

Разговорот на Боб и принцот Хари се случил за време на премиерата на “Кралот лав“ во Лондон. Додека Хари зборувал со Боб, Меган се дружела со Бијонсе и Џеј Зи.

– Знаете ли дека таа поседува добар глас? – прашал Хари, а Боб одговори дека не знаел.

– Изгледате изненадено. Навистина е заинтересирана за тоа – додал принцот.

Шефот на Дизни очигледно одлучил да ја згрпчи приликата.

– Ви сакале да се обидеме, одлична идеа – рекол Боб.

Видеото од премиерата го забележал обожавател кој се нашол во близина на кралскиот пар. Боб, потоа, ѝ рекол на војвотката да му прати емаил.

Меган и Хари го шокираа кралското семејство во средата, кога неочекувано најавија дека се откажуваат од кралските должности како и дека времето ќе го поминуваат во Северна Америка и ќе станат финансиски независни.

Слични содржини