Хари и Меган ја прославија првата годишнина од бракот со ексклузивни фотографии

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Една година од семејниот живот  прославија принцот Хари и неговата сопруга Меган. По тој повод, тие објавија слајдшоу со досега невидени Instagram фотографии од нивната венчавка.

Снимките се менуваат со мелодијата на песната “This Little Light of Mine” . Војводата и војвотката од Сасекс ја избрале неслучајно – таа беше пуштена во моментот во кој двајцата излегоа од црквата “Сеjнт ЏорЏ” во замокот Виндзор, за да се покажат пред општеството како сопруг и сопруга.

“Ние ви се заблагодаруваме на сите вас во целиот свет за целата наклонетост и поддршка. Секој од вас го направи овој ден уште попосебен “, велат Меган и Хари.

Видеото на парот содржи 14 фотографии од нивната венчавка, која се одржа на 19 мај минатата година. На среќниот настан присуствуваа речиси 600 луѓе. Според британските медиуми, околу 100.000 луѓе го следеле доаѓањето на младенците и гостите од улицата.

Принцот Хари се вери за Меган Маркел во ноември 2017 година. Двајцата станаа родители на момче на 6 мај оваа година, неколку дена пред нивната прва годишнина. Тие избраа нивниот син да го носи името да Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор.

https://www.instagram.com/p/BxotAfKgy1o/