Хари и Меган во првата официјална посета на Мароко

од Vlatko K
168 прегледи

Војводата на Сасекс – принцот Хари и неговата сопруга Меган пристигнаа во Мароко на првата официјална посета на Северна Африка, соопшти BBC. Тридневната посета на кралската двојка ќе ги зајакне односите на Британија со Мароко, една од ретките стабилни нации во регионот.

 

Нивната посета ќе биде фокусирана и на родовата еднаквост, додека двојката ќе разговара за односот на локалните власти кон жените со британскиот амбасадор Томас Рајли.

Принцот Хари и неговата сопруга слетаа на меѓународниот аеродром во Казабланка со двочасовно одложување на летот, што ја одложи официјалната церемонија за да бидат  пречекани. По пристигнувањето, двајцата беа пречекани според  традиција за локалното население, почитувана со векови. Војводата од Сасекс престојуваше во официјалната резиденција на кралот Мохамед Шести од Мароко со неговата придружба.

За време на неговиот престој, Хари и Меган, кои го очекуваат своето прво дете кон крајот на април или почетокот на мај, ќе ги посетат познатата планина Атлас и главниот град Рабат.