Хари не сакал да руча со семејството, неговиот дедо е бесен на него и Меган

Очите на целиот свет се вперени во британското кралско семејство и состанокот кој се одржува на имотот во Сандрингем, по кој би требала да биде позната судбината на Меган Маркл и принцот Хари. Тие сакаат да се одвојат од кралското семејство и да станат финансиски независни, а таа одлука ги вознемири членовите на една од најпознатите фамилии во светот.

Како што пишуваат британските медиуми, Хари пристигнал на имотот, каде прв пат се сретнал со кралицата Елизабета, како и со татко си и братот, принцевите Чарлс и Вилијам. Меган, наводно, на состанокот ќе присуствува преку видеолинк.

Војводата од Сасекс сака бабата, братот и таткото да му дозволат да ја задржи кралската титула, но да го пуштат заедно со сопругата да одат преку океанот и да биде финансиски независен. Титулата му е важна бидејќи би заработувал на неа, а експертите велат дека војводата би можел да заработи и до четири милијарди долари на неа.

Меѓу темите за кои ќе се разговата е и двојниот данок на комерцијалните приходи и сметките, можеби дури и британското државјанство.

На имотот, помладиот син на принцот Чарлс влегол со својот Рејнџ Ровер низ страничниот влез, во време кога медиумите добиле заедничка изјава од него и братот Вилијам дека нивните односи не се затегнати.

Времето пред состанокот го поминал во Анмер Хал, прескокнувајќи го заедничкиот ручек со останатите членови на семејството. Сопругот на кралицата, принцот Филип, го напуштил имотот пред состанокот, а извори од палатата тврдат дека тој е бесен на Хари и Меган.

Британскиот The Times пишува дека Меган 20 месеци по венчавката на Хари му рекла дека мораат да се тргнат од семејството, наводно тврдејќи дека Вилијам се однесува како злоставувач.

„Ова не функционира за мене“, наводно му рекла таа на Хари за Божик.

Вилијам и Хари тврдат дека тоа не е вистина.

На состанокот не присуствува ниту Кејт Мидлтон. Британските медиуми пишуваат дека таа нерасположено ја напуштла Кенсингтонската палата во Лондон и останала да се грижи за своите деца. Од друга страна, Меган е во Канада со синот Арчи.

Канадскиот премиер Џастин Трудо се согласил на тоа канадските даночни обврзници да платат половина милиони долари за трошоците за осигурањето на Меган и Хари. Тоа е половина од проценетите годишни трошоци за нивното осигурање.

Британскиот премиер Борис Џонсон одбил да коментира на таа тема.

„Не коментирам работи поврзани со кралското семејство“, кратко одговорил тој.

Слични содржини