64
Поранешната потпретседателка на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, ги повика Американците да се обединат во спротивставувањето на претседателот Доналд Трамп и она што таа го нарече „најголемата економска криза предизвикана од човекот во модернатата историја на претседателството“.
Харис ги даде овие забелешки во, како што објави Ројтерс, нејзиниот најголем говор откако ја напушти функцијата, што го означи нејзиното враќање во политиката по поразот на изборите од Трамп минатата година.
Медиумските извештаи велат дека таа се смета за силен кандидат за гувернер на Калифорнија на следните избори, а можеби дури и повторно ќе се кандидира за претседател.