Харуки Мураками ги повика луѓето да се научат да живеат со своите “сенки“

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Јапонскиот писател Харуки Мураками ги повика луѓето да се научат да живеат заедно со своите “сенки”, за да можат да живеат целосно, соопштува јапонскиот весник “Асаши”. 5141222Мураками ова го изјави во родното место на Андерсен – Одензе, каде ја доби наградата за литература “Ханс Кристијан Андерсен”.

Во својот говор, со наслов “Значењето на сенките”, тој ја цитираше Андерсеновата бајка “Сенка” – мрачната приказна на научник кој е потчинет од својата сопствена сенка и на крајот остава да биде убиен од неа.

“Од време на време, ние сме склони да го отстапуваме погледот од сенката, да се обидеме насилно, противприродно дури, да игнорираме слични (негативни) аспекти. Без разлика, сепак, колку висок ѕид градиме, за да не дозволиме влез на натрапници, без разлика колку строго ги изолираме надворешните лица, без разлика колку многу препишуваме на историјата, за да ни се допадне, конечно ние само се оштетуваме и повредуваме на тој начин “, рече тој .

“Човек мора да научи трпеливо да живее со своите сенки и да ја следи внимателно темнината, која е населена во него.”