667
Косовскиот политичар и новинар Миљаим Зека тврди дека познат политичар од Македонија ќе биде уапсен од Специјалниот суд во Хаг.
„Тој е активен политичар и тоа ќе направи голем земјотрес за Косово и за Македонија, затоа што ќе биде уапсен со уште дваесетина косовски функцуионери. Имам податок за 28 луѓе кои се обвинети од Судот во Хаг“, вели Зека во изјава за ТВ Сител.
Тој наведе дека има податок кој е политичарот од Македонија, но нема да го открие неговото име.
„Денес си сведок, а утре си обвинет“, потенцира новинарот.
Овој поранешен пратеник во косовскиот парламент самиот неколку пати бил сведок пред Специјалниот суд за Косово.