42
Напаѓачот на Арсенал, Каи Хаверц откри дека успешно бил опериран. 25-годишниот Германец „заработи“ кинење на тетивата за време на тренингот на тимот во Дубаи. На 13 февруари, Арсенал потврди дека играчот ќе го пропушти остатокот од сезоната.
„Последниве неколку дена беа тешки за прифаќање, и физички и психички. Но, саботата беше добра. Успешна операција и победа. Ви благодарам за сите пораки за поддршка во последните неколку дена, тие навистина помогнаа. Сега сум фокусиран на моето патување до целосна кондиција и на сета можна поддршка на тимот надвор од теренот“, напиша играчот на социјалните мрежи.
Оваа сезона Хаверц одигра 34 натпревари за клубот, постигнувајќи 15 голови и 5 асистенции.