Основачот на „Плејбој“ кој почина во 91 година од животот, веќе има одредено место за почивка.

Тој уште во 1992 година, за 75.000 долари го купи своето гробно место на гробиштата „Вествуд меморијал парк“, каде почиваат некои од најголемите филмски и телевизиски икони во историјата.
Хефнер ќе биде погребан покрај актерката Мерлин Монро, која сјаеше на првиот број на „Плејбој“ и на Хефнер му осигура успех. Тоа беше во 1953 година, а култниот магазин тогаш се распродаде во 50.000 примероци за неколку дена.
Сè уште не е познат денот на погребот, но неговиот син Купер вели дека неговиот татко имал многу возбудлив живот и дека не неговите деца и на сопругата многу ќе им недостига.