Хејли Болдвин се зближи со свекрвата

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Неодамна Хејли Болдвин и Џастин Бибер ја одложија свадбената свеченост по четврти пат, но се зборува дека двајцата немаат проблеми во бракот, туку само чекале депресијата на поп-ѕвездата да одмине.

Веќе некое време Бибер имаше психолошки проблеми кои немаат никаква врска со неговата врска со ќерката на актерот Стивен Болдвин.

Вчера, жената и мајката на Џастин, Патти Мале, прошетаа заедно низ одморалиштето Лагуна Бич во Калифорнија.

По се изгледа дека 22-годишната Хејли  успеала да се зближи со 43-годишната мајка на сопругот.

Пети неодамна се покажа како голем обожавател на нејзината нова снаа. Во јануари таа ја постави својата фотографија со Хејли во Instagram и напиша “Каков подарок!”