Хеликоптер на МВР се вклучи во потрагата по 10-годишното дете од Мариово

од Nikola Popovski
686 прегледи

Од синоќа сѐ уште се трага по десет годишно дете, кое исчезнало вчера околу 16 часот од селото Врбско во Мариово. Вклучени се екипи на полицијата, од пограничната служба, кучиња трагачи, жители, од противпожарната единица од Прилеп, од ловечкото друштво Мукос и од изутрината во потрагата е вклучен и хеликоптер од МВР. Досега сѐ уште нема траги од исчезнатото дете, кое е со посебни потреби.

Според СВР Битола таткото на исчезнатото дете пријавил синоќа околу 18 часот дека неговиот син го снемало од селото.

Спасе Чакревски, од селото Витолиште меѓу првите се вклучил во потрагата. Раскажува дека таткото со сопругата и трите деца, меѓу кои десет годишниот Петар живеат во Прилеп, а од вторникот биле во селото Врбско каде имаат пчелни семејства. Потрагата била речиси цела ноќ, но, за жал, сѐ уште нема трага од детето. Околината е крајно непристапна, а детето било лесно облечено.

Слични содржини