Хеликоптер вклучен во гаснењето на пожарот на Галичица

од Берта Китинска
265 прегледи

Еден хеликоптер на Воздухопловниот ВИНГ попладнево се вклучи во гаснењето на пожарот на планината “Галичица” кој е активен на непристапен потег, информираше Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески .

-Според најавите во текот на утрешниот ден ќе се делува со две летала од воздух.Денеска на мое барање се одржа состанок на кризениот штаб на кој присуствуваа претставници на Центарот за управување со кризи, НП„Галичица“, Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица од Охрид и СВР Охрид. Беа донесени неколку заклучоци меѓу кои и одлуката од утре 06.09.2021 година од 6 часот да биде испратена екипа од 40 лица, кои ќе заминат на терен со цел да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Екипата ќе делува на потегот каде што нема остатоци од. неексплодирани гранати,кажа Георгиески.

Седми ден како беснее пожарот на „Галичица“, кој најпрвин изби на албанска страна на планината.
Од синоќа веќе почна да се приближува до шумскиот предел на македонска страна, а пламените јазици доцна синоќа се гледаа над селото Љубаништа.

Слични содржини