Хелсиншки тврди дека Аневски е незаконски реизбран , тој демантира, законот вели максимално 1 мандат

од desk3
97 прегледи

Хелсиншкиот комитет денеска информираше дека реизборот на досеgашниот претседател на Советот на јавните обвинители на РМ- Петар Аневски бил незаконски.

petar-anevski-i-katica-janeva-768x432
“На 22 септември 2016 година, за време на седница на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на тајно гласање, г. Петар Аневски повторно беше избран за претседател на Советот.

Хелсиншкиот комитет укажува дека согласно Член 8 став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/2007 и 100/2011), мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор.

Повторниот избор на г. Аневски претставува сериозна повреда на начелото на законитост. Ваквата одлука ја доведува во прашање компетентноста, независноста и непристрасноста на членовите на Советот како и неговата основна функција да ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција. Особено одговорен за ваквото незаконско постапување е самиот г. Аневски кој ја свикал и раководел со седницата за време на која и покрај тоа што не смеел се кандидирал за претседател.

Хелсиншкиот комитет ги повикува членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, во согласност со Член 10 став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители, да закажат итна седница на која ќе ја преиспитаат својата незаконска одлука” – информираат од Хелсиншки.

Аневски пак за Фокус вели дека нема ништо спорно во неговиот избор, коментирајќи дека непотребно се кревало врева.

-Не е точно дека незаконски сум избран. Од Хелсиншкиот комитет убаво нека го читаат законот. Точно е дека бев претседател до август 2016 година, а сега повторно сум избран, но во нов, трет мандат на Советот, значи не сум реизбран во ист мандат, појаснува Аневски за Фокус.

 

Првиот состав на Советот на јавните обвинители на Република Македонија е конституиран на 01.08.2008 година, а вториот на 01.08.2012 година, а заврши на 31.07.2016 година. Неодамна е конституиран третиот состав.

Но, еве што пишува во Член 8 став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители.

„Мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор“, стои во Член 8 став 3 во Законот за Советот на јавните обвинители.

Слични содржини