Продолжуваат напорите за пребарување и спасување во областа Антакија во Хатај, која беше најтешко погодена од земјотресите со јачина од 7,8 и од 7,6 степени во Караманмараш, каде беа уништени илјадници згради.
Во Хатај, рударите кои уморни откако со часови работеле под тони урнатини од земјотресот обидувајќи се да ги спасат преживеаните, се одмораат покрај огнот за време на паузите. Рударот Мурат Чобан истакнува дека се уморни но дека тоа не им е важно.Други ги затвораат очите од исцрпеност, пренесува CNN Turk.
Шефот на спасувачката екипа, рударот Мурат Чобан вели дека биле уморни во десетдневната работа, но вели дека спасувањето животи е поважно од уморот.
Чобан, татко на три деца изјавил: „Јас сум рудар веќе 11 години. Ние сме тука да помогнеме. Тука сме веќе 10 дена. Работиме преку ден. Кога преку вечерта добиваме вести во живо, одиме на местото на настанот. Извадивме тројца живи. Уморни сме, но тоа не ни е важно. Спасувањето животи ни е поважно. Колку повеќе животи можеме да спасиме, толку подобро. Заминав без двоумење“, рекол тој.
За време на паузата, рударот Умут Устујер, кој ги затворил очите од исцрпеност и се обидел да се одмори покрај огнот, рекол: „Почнав да се занимавам со рударство во 2021 година. Работиме во регионот 10 дена. Овде се одмораме за време на паузата. Досега спасивме двајца. Моето семејство е во Бартин, со мајка ми и татко ми. Ми недостигаа“.