ХЕРОЈ НА ЧЕТИРИ НОЗЕ: Куче спаси напуштено бебе фрлено во ѓубре

од Stefanija Kuzmanovska
422 прегледи

Куче скитник во Триполи, Либан, стана херој откако спаси напуштено бебе фрлено во ѓубре пред градска зграда.

Инцидентот се случил во средата, на 26 јули, кога случаен минувач слушнал плач од црна вреќа за отпадоци која кучето скитник го држело во устата.

Тој брзо реагирал, па детето итно било пренесено во болница.

Се чини дека детето имало околу четири месеци, иако некои извештаи сугерираат дека можеби е родено неколку часа пред да биде напуштено.

На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи се гледаат тешки модринки по лицето и телото на детето.

Како што е наведено, детето било во стабилна состојба.

На социјалните мрежи многу корисници ја коментираа оваа шокантна ситуација.

Еден корисник го сподели своето мислење дека кучето скитник покажало добрина и интелигенција, дури и повеќе од некои луѓе.

Други, исто така, го истакнале сочувството на животните во споредба со луѓето и изразиле подготвеност да го посвојат напуштеното дете.

Слични содржини