Голема драма беше видена во Копенхаген, која заврши со среќен крај. Кристијан Ериксен ја изгуби свеста, ненадејно колабрира и повеќе од петнаесет минути му беше укажувана реанимација.
Капитенот на данската фудбалска репрезентација, Симон Кјаер прв стигна на местото на настанот, го извади јазикот на Ериксен и го држеше на страна. Потоа, одличниот медицински тим влезе на теренот и успеа да го врати Данецот во живот со реанимација.
Kapiten. pic.twitter.com/BHGTTG04wG
— Valderrama 🇨🇴 (@Choda3) June 12, 2021
За тоа време, Кјаер ги собра своите соиграчи околу Ериксен со цел да ги спречи медиумите да емитуваат шокантни сцени од теренот. Исто така стоперот на Данска отиде до кај сопругата на фудбалерот на Интер со цел да ја смири и да ја убеди дека сè е во ред со нејзиниот сопруг.
Во такви ситуации, многу е важно да се реагира брзо, а Кјаер го стори токму тоа и спречи најлошо со помош на луѓе од медицинскиот тим.
Massive respect to Simon Kjær, he made sure that Eriksen didn't swallow his tongue when he was unconscious, made sure he was in the right position, got the squad to surround Eriksen so the media didn't continue filming him and made sure Eriksen's wife was comforted.
Hero. 🙏🏻🇩🇰❤ pic.twitter.com/QzsyLsnpdC
— FutbolBible (@FutbolBible) June 12, 2021
По ова, Ериксен беше опоравен и изнесен од теренот во свесна состојба. Потоа, пристигна информација дека играчот од средниот ред на Данска е пренесен во болница, дека е буден и дека може да разговара.
За жал, неговата Данска го загуби премиерниот дуел од ЕП со 0-1 од селекцијата на Финска.
Фото: Profimedia