420
„Сакаме да се заблагодарам на сите што дојдовте. Чувството е одлично, баш ми е мило што се дојдени луѓе во толкав број“, изјави олимпиецот и носител на сребрен медел, Дејан Георгиевски од аеродромот во Скопје, откако се врати од ОИ во Токио.
Тој додаде дека емоциите веќе се многу посилни кај него, откако се врати на македонско тло.
„Херојот од Токио“ стана вториот македонски носител на медал од едни олимписки игри, откако првпат тоа му појде од рака на борачот Могамед Ибрагимов на ЛОИ во Сиднеј во 2000 година.
За вечерва во 19 часот, на плоштадот „Македонија“ е најавен свечен дочек и прослава на медалот на Георгиевски.