Хил: С. Македонија сега е успешна држава на патот кон Европската Унија

од Nikola Popovski

Кристофер Хил, амбасадор на САД во Република Србија и поранешен американски амбасадор во нашата држава, смета дека иницијативата „Отворен Балкан“ е позитивен пример на регионална соработка. На конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан” што во организација на Претседателскиот центар за политичко образование се одржа во Скопје, Хил говореше и за придобивките чија поента е да се креира чувство на заедништво и начин на функционирање во соседството.

Хил го нагласил значајното македонско учество во оваа иницијатива и рече дека нашата држава сега е успешна држава на патот кон Европската Унија.

Запрашан за дијалогот меѓу Белград и Приштина, тој го оквалификува како тежок процес, за кој рече дека мора да биде забрзан и да се вложат максимални напори. Хил дека продолжените тензии меѓу Србија и Косово се штетни за целиот регион и влијаат на сите земји од регионот. Во тој контекст, го посочи ангажманот на Европската Унија, како добра основа за размислување кон решение.

На конференцијата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, директори на партнерските фондации на ПЦПО, членовите на Програмскиот совет и Алумните на Школата за политики.

Слични содржини