“Не можам да поверувам дека некој одлучил да му нанесе непотребна болка на неговото бебе со прободување на ушите. Тоа е насилство над дете, со болка во неговите уши и пулсирање на телото од болката во ушите, без разлика колку среќно изгледа бебето на сликата, за мене тоа не го заслужува “, напиша еден од следбениците на Даф.

Друг фан коментарише дека бебето не дава согласност за неговите уши, а трет рече дека престанал да ја следи ѕвездата.

Сепак се најдоа и мајки, кои очигледно ја разбираат одлуката на ѕвездата и не го сметаат за погрешно: “Ги продупчив ушите на ќерка ми, кога беше на 3 месеци. Таа дури и не се разбуди од спиење за време на активноста. Сега е голема и никогаш немаше проблем со тоа. Луди сте да гледате така на такво нешто и да му дадете на некој упатства како да го гледа своето дете. “

Хилари не е единствената позната личност што е линчувана што ги ставила обетките на своето дете. Карди Би, Кајли Џенер и Клои Кардашијан исто така беа критикувани за истото, пишува PageSix.