Хилари Свонк бремена на 49 години со близнаци!

од Nikola Popovski
231 прегледи

Оскаровката Хилари Свонк и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер ќе станат родители на близнаци.

48-годишната актерка ја сподели радосната вест во емисијата „Добро утро Америка“, не криејќи ја возбудата.

„Има нешто што го чекав многу долго и тоа е мојата следна вест – ќе бидам мајка. На свет ќе дојдат две деца, не ми се верува“, изјавила Хилари.

„Се чувствувам одлично во моментов, едноставно облеката ми е тесна. Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е“, потврдила актерката.

Хилари и Филип се во брак од 2018 година, а претходно се забавуваа две години.

„Тоа беше сон, да се омажам за човекот од соништата покрај сите луѓе кои нѐ сакаат. Тоа беше остварување на сонот“, изјави тогаш оскаровката.