ФОТО: Хилари Свонк на 48 години роди близнаци, го откри полот на бебињата

од Stefanija Kuzmanovska

Хилари Свонк се породи и роди син и ќерка, а среќната вест ја сподели на Инстаграм со фотографија од близнаците.

Двократната оскаровка под сликата напиша дека „не беше лесно, но момче и девојче, вредеше. Среќен Велигден! Се јавувам од чистиот рај“.

Се уште не се знае како ќе се викаат наследниците на 48-годишната популарна актерка.

Набрзо почнаа да се слеваат коментари, лајкови и честитки.

Да потсетиме, Хилари ја објави среќната вест на Good Morning America во октомври 2022 година.

Слични содржини