📸 Хилари Свонк роди близнаци на 48 години: Сега ги откри нивните необични имиња

од Stefanija Kuzmanovska

Хилари Свонк во мај ќе го прослави првиот роденден на своите близнаци. Сепак, актерката дури сега одлучи да ги открие нивните имиња.

Имено, иако долго време ја чуваше оваа информација во тајност, а не сакаше да ги објавува децата на социјалните мрежи, сега ги сликаше додека седеле на плажа со свртени грбови.

Тие ги напишаа имињата Аја и Охм во песокот.

„Ме чека напорна недела на емисии каде ќе зборувам за мојот нов филм и забавното партнерство, но сфатив дека нема подобар ден за да ги споделам имињата на моите мали љубови со вас. Среќен ден на вљубените! P.S. Кој друг има бебиња кои мислат дека песокот може да се јаде?“, напиша таа.

Инаку, актерката ги доби близнаците во бракот со бизнисменот Филип Шнајдер, со кој претходно беше во врска две години.

Слични содржини