И покрај неговите тврдења дека имае веќе 120 години, индиски монах, кој вели дека е најстариот човек кој живеел некогаш на планетата, изгледа во извонредно добра форма.
Во пасошот на хиндуистот Свами Сивананда пишува дека е роден на 8 август 1896 година. Ако ова е точно, неговиот живот поминува низ три века, но без оглед на возраста, Свами продолжува да практикува јога по неколку часа на ден.
Во моментов хиндуистот аплицира да биде внесен во книгата со рекорди. Сега таму како најдолголетен човек фигурира Јапонецот Џироемон Кимура, кој почина во јуни 2013-та на 116 години и 54 дена. Индиските власти ја потврдија автентичноста на податоците во пасошот на Свами преку проверка во регистар на верски храм. Дури и за мнозина многу млади Индијци верските регистри се единственото место каде што е запишано кога се родени.
Независно од потврдувањето на возраста на Свами сепак, ќе биде многу потешко. Ова лето “Тајмс оф Индија” пишува за долголетникот и посочи дека тој изгледа за 50 години помлад. Свами Сивананда е од светиот град Варанаси и израснал во исклучителна сиромаштија. Избира да се замонаши и денес вели дека долговечноста му е постигната благодарение на јога, дисциплина и целибатот.
“Водам едноставен и уреден живот. Јадам едноставна храна – само варено без масти и зачини, ориз и чорба од леќа со една-две зелени лути пиперки. “ Свами е висок 1,58 метри и спие на постела на подот, а за перница му служи дебело парче дрво. “Го избегнувам јадењето на млеко и овошје, бидејќи според мене тие се деликатеси. Како дете често си легнував со празен стомак “, вели Свами.
Монахот објаснува дека неговите следбеници го убедиле да побара публицитет и да ја објави својата возраст. Свами останува сирак како 6-годишен, а роднините го даваат за одгледување на духовен гуру, со кого патувал низ Индија, пред да се насели во Варанаси. Свами нема сериозни здравствени проблеми, живее самостојно и дури и патува со воз.
Роден е во колонијална Индија во епоха без електрична енергија, автомобили и телефони, но вели дека новите бенефиции не го предизвикуваат и дека денес луѓето имаат многу повеќе, но се несреќни.