На ректорот Дамир Борас, од Загреб при посета на некоја делегација на Ректоратот, чадорот му го носеше негова соработничка. Уште повеќе, што носачката на чадорот е ни малку ни многу туку професорката Сандра Крамар, стручната советничка за протокол и организација на јавни настани од Одделението за односи со јавност. 
Уште не стивнати коментарите за Борас, на социјалните мрежи се појави нов хит. И на министерот за финансии, во хрватската Влада, Здравко Мариќ, жена му го држи чадорот. Имаат ли овие луѓе раце, се најчестите коментари на социјалните мрежи во Хрватска.
