Хит одговор на позната актерка на прашањето зошто нема деца: „Имав одличен, секси живот“

од Stefanija Kuzmanovska
595 прегледи

Актерката Патриша Кларксон денес има 63 години и успешна кариера, а низ годините се соочувала со бројни негативни коментари бидејќи не родила деца.

Како и многу други жени, Патриша беше обвинета дека е „себична и егоцентрична“, а сега отворено проговори зошто не сакала да биде мајка, а нејзиниот одговор стана вирален.

„Видете, јас имам сестри кои имаат прекрасни деца, а сега и нивните деца имаат прекрасни деца. Сакам да бидам тетка, тоа го сакам повеќе од глумата, што е чудно. Но, да ви кажам нешто, прекрасните деца не мора да ја дефинираат секоја жена“, рече таа во подкастот „Table for Two“, пренесува Glamour.

 

„Мајка ми ми рече: ‘Пати, само не сакам да се разбудиш на 50 години и да бидеш несреќна’. Се разбудив на 50 години во штикли и танга. Имав одличен, секси живот. Сакам да бидам тетка, сестра, сакам да бидам ќерка, сакам да бидам одлична, најдобра пријателка. Тоа не сакав да ме дефинирам затоа што не сакав да доживеам неуспех“, заклучи Патриша.

Слични содржини