Големиот снежен нанос на многу жители од српскиот град Ивањица им го оневозможи приодот до куќите.

Жителите од селото Братиљево во близина на Ивањица не дозволија тоа да им создаде главоболка, па одлучија во весела кафанска атмосфера да ги дочекаат утринските чистачи на снег.
Веселото друштво во кафана ја минале цела ноќ со пиење и песна.