Хитлер се појави во детска боенка во Холандија

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Холандски синџир продавници објави дека повлекува од продажба детска книга за боење во која фигурира … Адолф Хитлер со кукаст крст на ракавот и дигната рака за нацистички поздрав.

Синџирот продавници се извинува и “жали длабоко за овој инцидент”, и ја дефинира за несоодветна оваа слика во боенката за деца.

Овие книги беа пуштени во продажба од понеделник 3 април и веднаш се повлечени, објавена од синџирот. Сега таа истражува како Хитлер се нашол во детскиот албум. Продавниците ќе ги вратат парите на граѓаните кои ја купиле.