Хјундаи претстави изум што спасува животи

од desk2
234 прегледи

Хјундаи ги претстави новите воздушни перници, чија масовна примена во автоиндустријата се очекува за неколку години.

Станува збор за средишни задни воздушни перничиња , кои служат за заштита на патниците на задното седиште , особено при страничен судир.

Со оглед на кинематиката на телото при судир, постојат две опасни последици од страничен удар што ќе го олесни воздушното перниче. Тоа се ненадејните удари на ‘рбетот и на главата на патникот. Во вториот случај, веројатноста за повреда е намалена за дури 80%.

Првите тестови на централното воздушно перниче се очекуваат уште следната година, а доколку се оди како што е планирано, се очекува сериска инсталација уште во 2023 година, во автомобилите на Хјундаи, и во Киа и Генесис.